Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје, Машински факултет


ОГЛАС
ЗА ПОЛАГАЊЕ ИСПИТ ЗА ЕНЕРГЕТСКИ КОНТРОЛОР


Почитувани колеги,

Ве информираме дека теоретскиот дел од испитот ќе се одржи на 18.05.2014 година (недела) од 10.00 до 11.30 часот.
Теоретскиот дел од испитот се состои од писмено одговарање на прашања од теоретската подготовка за Енергетски контролор. Испитот ќе има 30 прашања. Времетраењето на испитот е 90 минути. Резултатите ќе бидат објавени на 19.05.2014 година. Колегите кои го положиле испитот на 20.05.2014 година ќе добијат задача (објект) за изработка на практичен дел на испитот.
Практичниот дел на испитот ќе се спроведе на почетокот на јуни во два термина. На испитот имаат право да се пријават кандидатите кои ги исполниле условите согласно законот и ја следеле Обуката.
За сите дополнителни информации може да се информирате кај координаторот на Обуката.

Пријавувањето за полагање ќе се одвива од 07.05.2014 до 16.05.2014 година.





Со почит,
Доц. д-р Даме Димитровски