Врз основа Член 137 од Законот за енергетика (Сл.Весник на Р.М. бр.16/11, 136/11, 79/2013), Член 19 од Правилникот за енергетска контрола (Сл.Весник на Р.М. бр.94/2013) и според Решение бр.03-70/1 од 24.01.2014 година од Агенцијата за Енергетика на Република Македонија, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј во Скопје“ Машински факултет, објавува


ТРЕТ ОГЛАС
за обука и полагање стручен испит за енергетски контролори


1. Услови за пријавување на огласот

  • Според одредбите на Законот за енергетика


Потребни документи и рокови

2. Пријавување
Кандидатите кон пријавата поднесуваат:

  • Копие од дипломата за стекнато високо образование;
  • Доказ (потврда) дека има најмалку пет години работно искуство во струката на работи на проектирање, надзор и одржување на градежни објекти, испитување на енергетски или процесни постројки, вршење на енергетски контроли или други енергетски услуги или работа на стручни или научни дејности од областа;
  • Доказ - уплата во висина од 18.000 денари за спроведување на обука;
  • Полагањето на испитот се наплаќа дополнително.


Кандидатите се пријавуваат во архивата на Машински факултет Скопје, или по пошта на адреса: Машински факултет Скопје, Карпош 2 б.б. 1000 Скопје.
Пријавувањето за следните обуки може да се одвива континуирано.

Четвртиот циклус на обуки почнува од 19 февруари 2015 година.





Лице за контакт за обуките: доц. д-р Даме Димитровски
www.mf.edu.mk
e-mail: obukiee@mf.edu.mk, dame.dimitrovski@mf.edu.mk
или на мобилен 078 71 81 75