Енергетската ефикасност,
клуч за заштита на животната средина
Заштеда на енергија во домаќинствата преку промовирање и имплементирање на конкретни мерки за енергетска ефикасност

Загадувањето на животната средина во локалните средини во Република Македонија е проблем со кој што секојдневно се соочуваме, а во услови кога опстанокот претставува секојдневен предизвик не се одбираат средства и начини за да се овозможат основни услови за живеење. Тоа подразбира голема потрошувачка на енергија, континуирано загадување на околината во локалните заедници и се разбира оскуден семеен буџет на семејствата поради големите трошоци на сметките за енергија. Големата потрошувачка на енергија е еквивалентна на поголема емисија на стакленички гасови во околината и зголемено загадување. Традиционалните методи за експлоатација на енергија кај населението во локалните заедници подразбираат неконтролирано трошење на постоечките ресурси со цел задоволување на основните животни потреби.




